Управата на затворот „Скопје“: Боки 13 не барал да биде преместен на психијатрија

Од:

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се во добра здравствена состојба, а од управата на затворот „Скопје“ велат дека нивното однесување е коректно и дека немаат никакви барања. Оттаму тврдат дека не се точни шпекулациите дека Боки 13 барал да биде преместен на психијатрија, како што беше објавувано во некои домашни и странски медиуми.

„Јовановски е во добра здравствена состојба, Милевски исто така. Тие не бараат да одат на прегледи, ниту се жалат на здравствени проблеми. Јовановски минатата недела беше на ортопедија, а на Милевски му беше извршен зафат. Тие се однесуваат коректно“, велат од управата на затворот „Скопје“ за „А1он“.

Од затворот се категорични дека Боки 13 не побарал да комуницира со јавноста, ниту постои начин тоа да го направи.

„Не постои никаков начин“, велат од затворот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева