УПОЗ: Во среда протест од сите судови во Македонија

Од:

И покрај ветувањето на Министерот за правда дека денес ќе одржи работна редба со Синдикатот на УПОЗ истата не се оствари, стои во соопштението на УПОЗ.

„Синдикатот на УПОЗ во петокот испрати допис со барање за средба и до Претседателот на Владата на Р. Македонија Г-динот Емил Димитриев но и од таму до сега немаме добиено никаков одговор.

Со оглед дека надлежните го доведоа штрајкот во безизлезна ситуација Синдикатот на УПОЗ и ЗСА на 08.06.2016 година, организираат последен предупредувачки протест пред Министерството за правда на кој ќе присуствуваат вработените од сите судови во Р. Македонија.

На овој протест ќе ги повикаме сите синдикати, судии, адвокати, нотари, извршители, граѓаните на Р. Македонија и сите кои го поддржуваат штрајкот да се приклучат на протестот надевајќи се дека надлежните конечно ќе го разберат и ќе го прифатат нашето барање“, велат од УПОЗ.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите