УПОЗ со порака до новоизбраните судии

Од:

Синдикатот на УПОЗ денеска преку соопштение го поздрави вчерашниот избор на судии од Академијата на судии и јавни обвинители и изрази надеж дека успешно, совесно, чесно, одговорно, посветено и законски ќе ја обавуваат функцијата.

На новоизбраните и унапредените судии УПОЗ им порачува „да не заборават дека не се единствените вработени во правосудството и оти зад нив стојат 2.300 вработени без кои не можат да ја извршуваат својата функција“.

Меѓу вчера избраните судиите во повисоките судови кои напредувале, се вели во соопштението, Синдикатот на УПОЗ и неговите членови, „препознаа имиња на судии кои особено се истакнаа за време на штрајкот во судовите и направија се за да ги заплашат членовите, да ги казнат и да ги одвратат од штрајкување. – Со тоа претпоставуваме дека си го одработија и својот избор во повисоките судови. Затоа изборот на неколку судии избрани во повисоките судови (Апелационите и Врховниот) неможеме да кажеме дека е изненадување за Синдикатот бидејќи за нив тоа се очекуваше и се најавуваше уште за време на штрајкот, се вели во соопштението од синдикатот.

Од УПОЗ наведуваат дека меѓу новоизбраните судии во повисоките судови има и нивни поранешни членови и истакнуваат оти не сакаат да веруваат дека „нивното откажување од членството во Синдикатот непосредно пред нивниот избор е посебен придонес за нивниот избор“.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите