УПОЗ: Кривични пријави за претседателите на судовите кои ќе исплатат намалена плата за штрајкувачите

Од:

Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе покрене кривични пријави против претседателите на судовите кои на вработените во судската администрација ќе им исплатат само 60 проценти од платата поради штрајк.

Ваквата одлука на Судскиот буџетски совет да се изготви нова пресметка на плата со која на сите вработени кои штрајкуваат ќе им се исплати плата во висина од 60 проценти е противуставна и противзаконска и претставува обид да се скрши штрајкот во судската администрација.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујовски денеска на прес-конференција рече дека се направени неколку прекршувања на законите како што се одредени членови на Законот за работни односи и на Законот за судска служба.

– Со цел да ги заштитиме нашите членови, нема да дозволиме да бидат казнети на незаконски начин. Во таа насока вчера Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација испративме известување до претседателите на сите судови во кое им укажавме дека со наредба не може да се скрати платата, а доколку наредбата се реализира, ќе се соочат со кривична одговорност, рече Грујовски.

Синдикатот на УПОЗ бара и претседателот на Владата да утврди одговорност кај надлежните во Министерството за правда кои, како што посочија, имаат игнорантски однос кон штрајкот.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски