УПОЗ и ЗСА: Неприфатлива Предлог-спогодбата од Министерството за правда

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација денеска информираа дека за нив е неприфатлива Предлог-спогодбата поднесена од Министерството за правда.

– Во врска со штрајкот во судовите денеска Синдикатот на УПОЗ и ЗСА одржаа состанок на кој ја разгледаа Предлог-спогодбата од Министерството за правда. На состанокот беше констатирано дека неприфатлива е спогодба во која не се прецизирани рокови и спогодба која нуди обврска само за едната страна, односно Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, се вели во соопштението.

Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА информираат дека по денешниот состанок испратиле Предлог текст на спогодбата со сите забелешки од синдикалните организации до Министерството за правда и Судскиот совет.

Тие очекуваат во најбрз рок Министерството за правда и Судскиот совет да се произнесат и да почнат преговори за евентуалните спорни прашања од Предлог-спогодбата.

Судската администрација веќе подолг период протестира барајќи зголемување на додатоците на плата до 35 проценти како што е тоа предвидено кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски