УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Од:

Опозицијата да не се „лепи“ на нашиот протест побара денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Вели дека „имаа седум години“ да го решат проблемот, но, „направија се што можат да го забранат колективното договарање, па дури беа и првата Влада која поништи колективен договор“.

Деаноски одговори и на вчерашниот обвинуваеа од Владата дека протестите се незаконски и политички мотивирани.

-Синдикатот на УПОЗ само во 2022, 2023 и 2024 година има организирано три штрајка и најмалку 20 протести. Барањата остануваат исти и апелираме до Владата и ресорните министерства што поскоро да започнеме преговори и да најдеме заедничко прифатливо решение, кажа тој на вториот ден од протестите и додаде дека дел од вработените во некои министерства имале притисоци за да не излезат да протестираат, но засега не сакаше да открие во кои ресори се случува такво нешто.

Протестите, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите