УПОЗ го одложи штрајкот

Од:

На денешниот состанок одржан во Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) со претседателите на синдикалните организации од судовите било решено штрајкот најавен за утре да се одложи.

„На состанокот беше констатирано дека досегашните активности преземени од министерот за правда и Судскиот буџетски совет како и ставот на Владата на Р. Македонија со која му беше препорачано на Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите, треба конечно да го решат настанатиот конфликт. Со оглед на тоа што Судскиот буџетски совет на седницата одржана на 06.05.2016 година, го поддржа барањето на Синдикатот и донесе заклучок да се обрати до Министерството за финансии со цел тоа да постапи согласно препораката на Владата на Р. Македонија, Синдикатот на УПОЗ на денешниот состанок заклучи да даде дополнителен рок со цел да се операционализира одлуката и позитивно да се одговори на барањето на Синдикатот, штрајкот да го одложи за неколку дена“, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Доколку Министерството за финансии реши да ја игнорира препораката на Владата на Р. Македонија и ставот на Судскиот буџетски совет, тогаш Синдикатот дополнително ќе го одреди датумот за почеток на штрајкот кој ќе трае до целосно исполнување на барањето.

Во петокот УПОЗ испрати соопштение во кое даде ултиматум. дека ако до денес не се исплатат повисоки плати за судските административци од утре ќе почне штрајк.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски