Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола потписник на „Магна Карта Универзитатум“

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола во Болоња го потпиша документот „Магна Карта Универзитатум“ (Magna Charta Universitatum) со што покрај Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје стана втора македонска членка на светското универзитетско семејство.

– На Конференцијата во Универзитетот во Болоња, битолскиот Универзитет стана потписник на документот по претходно извршена голема анализа и исполнети услови за рамноправно членство, со што воедно се здоби со висока референца и посакуван атрибут за секој Универзитет, истакна Јованка Тутеска, проректорка за наука на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Потписници на документот „Магна Карта Универзитатум“ се над 600 универзитети од 68 држави во светот. Овој документ ги обединува универзитетите од Европа, Северна и Јужна Америка, Азија и арапските држави.

– Документот се темели на неколку постулати како што се поддршка на автономијата на универзитетите, обединување на наставата и истражувачките процеси, промоција на хуманитарните науки и имплементација на сите достигнувања во областа на едукацијата и истражувањето во општествата каде функционираат универзитетите, посочи проректорката Тутеска.

Со потпишувањето на документот „Магна Карта Универзитатум“ Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе ја зголеми соработката со другите универзитети, ќе учествува на меѓународни конференции и други академски настани за што директно ќе биде информиран.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро