Универзитетот на ЈИЕ ќе издава сертификати за ТОЕФЛ

Од:

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и ЕТС Глобал од Албанија денеска со потпишување меморандум најавија соработка за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик ТОЕФЛ за прв пат во Македонија.

Со меморандумотим се овозможува на заинтересираните да ги проверат своите познавања од англискиот јазик и за покажани високи резултати да добијат меѓународно признат сертификат.

– Со ова Универзитетот се здобива со право да издава вакви сертификати за познавање на англискиот јазик и тоа не само за студентите или вработените во него туку и за сите други заинтересирани граѓани. Освен тоа студентите што сакаат да продолжат со вториот или третиот циклус на студии може да се здобијат со овој сертификат што е еден од предусловите за запишување, рече заменик министерот за образование Сафет Незири кој присуствуваше на потпишувањето на меморандумот.

ЕТС Глобал е меѓународна организација за тестирање, која има лиценца за спроведување тестови како ТОЕФЛ, ТОЕИК и ГРЕ. На чинот на потпишувањето на договорот присуствуваа и претставници од централата на оваа организација во Њу Џерси.

– Со ТОЕФЛ што е стадардизиран тест можете да го докажете вашето познавањена англискиот јазик во сите облици ма комуникација што е многу важно за вашата професионална кариера. Преку инструментт ТОЕФЛ им се овозможува на предавачите да ги тестираат студентите во согласност со нивните знаења и компетенции бидејќи тие имаат различни знаења и нивоа на познавање на сегменти од јазикот. За сите различни вештини што се тестираат има соодветна скала. Важна е глобалната перспектива односно кандидатот се здобива со сертификат за познавање на меѓународно сттандардизираниот англиски јазик а не некоја од варијантите – британски, американски, австралиски или слично изјави директорката на централата на ЕТС Глобал, Лизеила Мартијин.

Тестирањата се состојат од четири дела, читање, слушање, говорење и пишување.
Според ректорот Замир Дика, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе ги примени најефикасните интерактивни наставни методи за да можат кандидатите непречено да комуницираат на англиски јазик.

– Со овој договор сите студенти од Македонија што се заинтересирани да ги продолжат своите студии во било кој европски или паневропски универзитет можат слободно да се здобијат со овој сертификат. ТОЕФЛ и сличните вакви инструменти се гарант за унапредување на професионалната кариера особено на помалдиот академски кадар, судиите и слични кадри, смета Дика.

Цената што заинтересираните треба да ја платат за полагање на тестот за ТОЕФЛ и ТОЕИК е 70 односно 140 евра.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска