„Свети Кирил и Методиј“ на 1163 место на светската ранг листа од 20 илјади универзитети

Од:

Македонскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ се најде на 1163 место, на светската ранг листа на Истражувачкиот центар „Webometrics” од Шпанија, кој делува во рамки на Советот за научни истражувања (CSIC), која пак е една од најпознатите истражувачки оргазнизации во Европа.

На својата листа од преку 20 илјади Универзитети од целиот свет, македонскиот го смести на прилично високото 1163 место.

Од останатите македонски универзитети, битолскиот „Свети Климент“ е сместен на 4517-тото место, „Гоце Делчев“ од Штип на 4545-тото место, а четири места подолу Европскиот универзитет. „Штуловиот“ универзитет е на 4813, соседниот државниот тетовски универзитет на 8385-тото место, ФОН Универзитетот на 8706, МИТ на 9291, Американскиот колеџ на 10755, Њу Јорк Универзитетот на 12 916, Универзитетот за информатички науки и технологија од Охрид на 13 651.

За најдобар Универзитет во светот е прогласен „Харвард“ во Соединетите Американски држави, а тука некаде по него се и Масачусетц институтот за технологија, Станфорд, па Универзитетот од Мичиген, па потоа калифорнискиот Беркли.

Сликата пак од Балканот е ваква: Црногорскиот универзитет е рангиран на најлоша позиција од сите останати на Балканот, на 9947 место. Најдобар ранг на светската листа од регионалните универзитети според Webometrics има Универзитетот во Љубљана на фантастичното 80 место, Универзитетот во Загреб го зазема одличното 446 место, додека Универзитетот во Белград е 716, а тој во Приштина 5510-ти.

Најдобар во Европа пак е Швајцарскиот Институт за технологија, втор Универзитетот во Кембриџ, а трет Оксворд. На листата 100 најдобри во Европа нема ниту еден македонски Универзитет.

Листата на најдобри Универзитети центарот “Webometrics” ја креира на основа на неколку критериуми од кој најзначајни се: големината на Универзитетот, присутност на Универзитетот во акдемскиот свет, објавени научни трудови и број на акдемски работници внатре во високообразовната установа.

Би можело да ве интересира

Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие

Ана Ололовска

Здружението на информатичари реагира на новиот концепт за основно образование

Ана Ололовска

ВИДЕО: Двајца средношколци избркани од училиште поради вулгарност на онлајн час

Маја Илиевска-Пачемска

Институт за педагогија: Владиниот образовен концепт е полн со недоследности

Жарко Настоски

Влада: Не се укинува предметот историја, следи исцрпна јавна расправа за образовниот концепт

Жарко Настоски

Заев: Нашата намера не е да го укинеме предметот историја

Ана Ололовска

Leave a Comment

thirteen − 7 =