United Group, сопственикот на Тотал ТВ, доби одобрување од Европската комисија за аквизиција на грчки Forthnet

Од:

United Group со новата аквизиција на грчката телекомуникациска компанија Forthnet, го проширува своето географско присуство и во Грција и ја потврдува својата позиција како водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа.

United Grоup, во чии рамки во Северна Македонија работи Тотал ТВ, доби одобрение од Европската комисија, во согласност со правилата за заштита на конкуренција на Европската унија, за купување на Forthnet. Пред крајот на процесот на купување, се очекува и одлуката на Грчката комисија за телекомуникации и пошта.

United Grоup, со најновиот потег во рамките на стратегијата за раст уште еднаш ја потврдува својата водечка улога во телекомуникацискиот и медиумскиот пазар на Југоисточна Европа. По аквизицијата на Forthnet, Групата ќе има повеќе од 10 милиони корисници и 11 илјади вработени, а вкупните годишни приходи ќе надминат 1,7 милијарди евра.

Ова е трета голема аквизиција од страна на United Grоup, откако инвестицискиот фонд BC Partners го презеде мнозинството на сопственост во март 2019 година. United Grоup со големи деловни планови влегува на грчкиот пазар само неколку недели по аквизицијата на Vivacom, водечката Бугарска телекомуникациска компанија и Tele2 во Хрватска на почетокот на годината.

Forthnet е еден од водечките провајдери на услуги за домашна забава и комуникација во Грција – телевизија, широкопојасен интернет и фиксната телефонија. Вработува околу 1.000 луѓе и обезбедува услуги за скоро 700.000 корисници и 40.000 компании, со приходи од 260 милиони евра.

United Grоup ги обединува водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа. Со јасна визија и стратегија за европски раст во иднината, United Grоup се здобива со уште еден успешен оператор во регионот со цел да им обезбеди телекомуникациски услуги од најновата генерација и најдобри странски и домашни ТВ-содржини на пазар од 38 милиони луѓе во 8 земји од Југоисточна Европа и на дијаспората низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on