Уништени околу илјада стебла „канабис сатива“ во печките на „Југохром“ во тетовско Јегуновце

Од:

Во печките на фабриката „Југохром Фероалојс“ во тетовско Јегуновце, денеска беа уништени вкупно 997 стебла „канабис сатива“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Уништените вкупно 997 стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти август биле пронајдени на три различни локации во тетовско.Во атарот на Селце полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“ во близина на Требошкиот канал 815 стебла, изјави Јосифовски.

Според него, уништувањето на стеблата го организирала и го следела четиричлена Комисија и менаџментот на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово а присуствувале и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции