Уништени 150, а украдени девет од велосипедите за изнајмување во Скопје Македонија

Од:

Вкупно 150 велосипеди се уништени и истите веќе не се во употреба, а девет се украдени од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до јуни 2014, пренесе Макфакс.

Од почетокот на новата сезона за изнајмување велосипеди, пак, за само три месеци се уништени шест велосипеди на ЈП „Градски паркинг“.

„Екипите на претпријатието секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за тие да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите“, соопшти Град Скопје.

Од таму апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан