Уништена урбана опрема во Куманово

Од:

Во Куманово е уништена урбана опрема на градскиот плоштад. Одеелението за односи со јавност во Куманово информира дека сеуништени канделабри и оти инспекциски служби на Општината веќе се на терен.

– Несовесни граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за сите. Овој пример е уште еден од низата во изминатиот период, кои покажуваат како не треба да се однесуваме кон околината во која живееме, се наведува во објавата на општина Куманово.

Ова не е прв случај на уништена урбана опрема. Изминатите месеци во неколу наврати беше уништувана урбана опрема, клупи, канделабри, сообраќајни знаци, семафори во централното градско подрачје околу неколку клучни институции во Куманово, на градскиот кеј.

На една од седниците на општина Куманово, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски најави дека ќе набави нова урбана опрема за што од буџедот е планирано да се одвојат околу 20.000 евра.

Планирано е да се набават клупи, канти и табли за информирање кои ќе бидат поставени во поширокото централно градско подрачје. Освен, во централното градско подрачје нова урбана опрема ќе биде поставена и по населбите од Куманово. Во дел од градот, недостаува урбана опрема, но факт е дека во последно време се уништува и постоечката. Општината апелираше граѓаните совесно да се однесуваат кон заедничкиот имот.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување