УНХЦР: Србија и Македонија не може да бидат оставени сами да се справуваат со бегалците

Од:

Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг ја повика денеска Европа да најде решение за бегалската криза истакнувајќи дека Србија и Македонија „не може да бидат оставени сами да се справуваат со толку голем број бегалци“.

Флеминг ја критикуваше одлуката на Македонија да ги затвори границите за минување на мигранти.

– Тоа се бегалци кои бараат заштита и не смеат во тоа да се запираат, изјави Флеминг.

Европската комисија денеска соопшти дека Скопје има право да се штити од илегална миграција.

– Македонија има право во согласност со меѓународни закони да врши контрола на лица кои сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес службата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он