УНХЦР: Есма Реџепова беше голем поддржувач на бегалците

Од:

Претставништвото на УНХЦР Скопје соопшти дека е во жалост по веста за смртта на Есма Реџепова и изразува сочувство до нејзините роднини и пријатели, како и до сите граѓани во државата. Есма Реџепова беше голем поддржувач на бегалците и почесен претставник на УНХЦР.

– Во Претставништвото на УНХЦР Скопје сме во жалост заради веста за починувањето на Есма Реџепова, жената со славејски глас, пријателка на бегалците и УНХЦР, која го помина животот борејќи се против предрасудите и давајќи им поддршка на најранливите луѓе во општеството. Можеме да бидеме само почестени што имавме можност да работиме со неа на подигање на свесноста за поддршката на бегалците кога таа беше наш почесен претставник. Длабоко ќе ни недостасуваат нејзиниот единствен дух и великодушност и се надеваме дека нејзиното наследство, кое е еднакво содржано во нејзиниот неверојатен талент и во нејзините великодушни дела и хуманост, ќе продолжи да инспирира уште многу генерации – рече  Мохамад Ариф, претставник на УНХЦР Скопје.

УНХР потсетува на зборовите на Есма Реџепова: „Обично објаснувам дека бегалците се обични луѓе како нас и дека секој од нас би можел еден ден да се најде во истата ситуација во која се тие сега. […] На нив им треба нашата сомилост, нашата помош, меѓународна поддршка – никогаш не смеат да бидат заборавени“. 

Би можело да ве интересира

Четири години од смртта на Есма: Пропаѓа ограбената куќа која треба да биде музеј за неа и Стево Теодосиевски

Кристијан Ландов

Обезбедени се средства за споменик на гробот на Есма Реџепова

Кристијан Ландов

Комеморација и книга на жалост за Есма Реџепова-Теодосиевска

Ана Ололовска

Комеморативна седница за Есма Реџепова Теодосиевска

Ана Ололовска

Есма во болница во тешка состојба

Емир Латифовиќ

Објавена монографија за Есма Реџепова – Теодосиевска

Емир Латифовиќ