Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Од:

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека експремиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата од „А1он“ се вели:

„Не можеме ниту да потврдиме ниту да демантираме. Не коментираме поединечни барања за азил кои сè уште се процесираат“, се вели во одговорот од Унгарската влада.

„А1он“ праша дали експремиерот Груевски контактирал со Амбасадата на Македонија во Унгарија, дали побарал азил, од кој граничен премин влегол во државата, а се интересиравме и за процедурата за добивање азил во Унгарија.

„А1он“ испрати и прашања до унгарската амбасада во Скопје, а откако не добивме одговор, отидовме и во седиштето на амбасадата за да добиеме одговори на дел од прашањата, но на екипата на „А1он“ не ѝ беше дозволено да влезе.

Засега единствениот сомнеж дека Груевски е во Унгарија е статусот на неговиот официјален профил на Фејсбук во кој тој вели дека имал закани по живот и бара азил од унгарските власти.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија