УНДП: Македонија во категоријата земји со висок човеков развој УНДП: Македонија во категоријата земји со висок човеков развој

Од:

Македонија во континуитет и оваа година напредува според индексот на човековиот развој, се посочува во најновиот Глобален извештај за човековиот развој за 2014 на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во документот земјата е рангирана како 84-та од 187 земји и спаѓа во категорија на земји со висок човеков развој.

– Граѓаните во Македонија можат да очекуваат дека ќе живеат 6,6 години подолго отколку во 1980 и дека ќе поминат 2,7 години повеќе во школо отколку што тоа би бил случај во 1990-те. Исто така, БНД (Бруто национален доход) по глава на жител, е зголемен за скоро 17% од 1990, се наведува во Извештајот.

Документот, кој ги рангира земјите според Индексот на човековиот развој – индекс кој што комбинира мерки на доход, здравје, и образование, како земји лидери во 2014 во светот ги посочува Норвешка, Австралија, Швајцарија, Холандија и САД.

Земјите, пак, кои што забележаа најнизок степен на човеков развој се Сиера Леоне, Чад, Централната Афричка Република и Конго.

Во регионот, според Индексот за човековиот развој за 2014, Словенија е на 25 место, Грција на 29, Хрватска на 47, Црна Гора на 51, Србија на 77, Босна и Херцеговина на 86 и Албанија на 95.

Глобалниот извештај за човековиот развој констатира дека и покрај тоа што на глобално ниво човековиот развој бележи раст, сепак тој е значително успорен. Предупредува дека 2,2 милијарди луѓе се сиромашни или се на работ на сиромаштија. Воедно повикува на универзално обезбедување на основни социјални услуги и поодлучни политики за социјална заштита и вработување за сите за да се поттикне и задржи остварениот развој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ