Унапредувања, значки и благодарници за Денот на АРМ

Од:

Вработените во Министерството за одбрана и Генерал штабот на Армијата на Република Македонија денеска со свечено постројување на платото пред зградата на Министерството ќе го одбележат Денот на АРМ – 18. Август.

Согласно Правилото за воен протокол свеченото постројување се одржува еден ден пред централната прослава на Денот на АРМ. Се предвидува положување цвеќе пред споменикот на загинатте припадници на АРМ, ќе се соопштат имињата на унапредените и ќе се доделат плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ.

На свеченото постројување ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО Драган Николиќ, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Зоран Милески, раководителите на сектори во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски