Умерен сообраќај по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради асфалтирање на коловозот собраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост до 20 септември ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска