Улиците во „Тоде Мендол“ ќе се чистат по проценката на оштетените имоти

Од:

Чистењето на улиците во кумановската нселба „Тоде Мендол“ каде што се одвиваше полициската акција за разбивање на вооружената група, ќе се спроведе по проценката на оштетувањата на недвижниот и останатиот имот на жителите од засеганатото подрачје, информира денеска директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Петрушевски.

Според него, договорено е екипи и механизација од Центарот за управување со кризи тогаш да излезат на терен и да го соберат градежниот шут.

Петрушевски рече дека екипите на ЈП „Чистота и Зелелино“ и ЈП „Комунална Хигиена“ од Скопје интензивно ги чистат улиците во кумановската населба „Тоде Мендол“.

– Екипите редовно рабтат на терен, го собираат, скалдираат и изнесуваат сметот,  изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски