Улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ ќе се поврзат со кружен тек

Од:

Општина Аеродром информира дека ќе почне доградба и реконструкција на дел од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ во Стар Аеродром, кои ќе се поврзат со кружен тек.

Проектот опфаќа асфалтирање на вкупна површина од 3.500 метри квадратни и тротоари со широчина од по два метри, велосипедска патека, нова линија за јавно осветлување и атмосферска канализација.

– Реконструкцијата на постојната инфраструктура и изградбата на нова инфраструктура ќе го задоволи неопходниот капацитет за новите станбени објекти во овој дел од општината, а со завршување на уште пет претходно почнати улици во Стар Аеродром целосно ќе се заокружи изградбата на инфраструктура во оваа населба, соопшти општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи