Улици во Чаир, Карпош и Центар утре без струја

Од:

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат уливи во општините Чаир, Карпош и Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а од 10 до 13:00 часот корисниците од околината на Јаја Паша Џамија и улицата „Цветан Димов“ бр. 190 во општина Чаир.

Од 9 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“, а од 9:50 до 10:50 часот дел од улицата „Демир Трајко“ во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе биде улицата „Чедомир Миндеровиќ“ општина Центар.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски