Улична трка во Крушево во знак на Денот на независноста

Од:

На 4-ти септември во Крушево ќе се одржи улична трка во трчање на 5 километри во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево 8-ми септември.

Трката е во организација на Центар за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево.

Засега се пријавени околу 30 учесници, а останатите заинтересирани можат да се пријават на www.smartrace.club.

За подобра и поуспешна организација денес се одржа средба меѓу организаторите и претставници од угостителскиот сектор. На средбата угостителите се согласија за поддршка на настанот, односно угостителите ќе овозможат бесплатен престој, храна, пијалоци и слично на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

„Угостителскиот сектор е најмногу погоден и денес сакам да слушнам за ваши проблеми, но и сугестии. Овој настан на 4-ти септември очекуваме да поттикне поголема посетеност, а сертификатот за Ковид 19 безбедна дестинација доделен од Европскиот совет за туризам и трговија во наредните години ќе ја зголеми посетеноста за 50 проценти, според очекувањата.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски