Улицата „Трета македонска бригада“ во Аеродром ќе стане булевар

Од:

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на улица „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Никола Карев“. Градежнните работи во првата фаза ќе го опфати делот до улицата „Фрањо Клуз“.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека токму оваа улица е многу важна за Аеродром, општина во која се одвива интезивна градба на станови.

– Во рамките на ГУП-от ева е булеварско решение, а со новиот ГУП ќе се овозможи од левата и десната страна на булеварот да се изградат станбени, деловни и комерцијални објекти кои што ќе ја оправдаат неговата изградба, истакна Трајановски.

Со проширувањето на оваа прва делница долга 1.243 метри, улицата ќе добие четири коловозни ленти, по две во секоја насока и средишно зеленило широко пет метри.

Премиерот Никола Груевски рече дека на ваков голем државен празник „11 Октомври“ е задоволство да се присуствува на отпочнување со градежни активности на улицата која асоцира токму на народно ослободителната борба која го носи името на една од бригадите кои за време на Втората Светска Војна учествуваа во ослободувањето на Македонија.

– Третата Македонска бригада ќе остане запаметена по многу битки, но и по многу улици кои денес го носат нејзиното име. Една од тие улици е и оваа за која Градот Скопје издвои средства за нејзина реконструкција, која ќе ја претвори во нов булевар во Скопје, изјави Груевски.

Тој им честита на градоначалникот Коце Трајановски и на Советот на Град Скопје за нивните напори да излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

– Како резултат на таквите нивни активности, изминативе години Скопје доби нов јавен превоз, десетици нови улици, булевари, кружни текови и катни гаражи што е од големо значење за функционалноста на сообраќајната мрежа, поголем проток на возила и помалку нервоза кај возачите, рече Груевски.

Посочи дека во пресрет на завршувањето на четирите висококатници кои ќе бидат највисоки во Македонија и регионот, овој булевар ќе биде решение од голема полза на граѓаните.

Градежните активности на оваа делница ќе се искористат за да се постави атмосферска канализација во дожина од 1.300 метри која ќе се приклучи кон колекторот на булевар „Србија“. На сообраќајницата ќе бидат поставенит 84 столбови за улично осветлување со 128 светилки.

За реконструкција на оваа улица Градот Скопје ќе потроши 133 милиони денари, а градежните активности ќе ги изведува ДГТ„Жикол“ Дооел Струмица. Рокот на изведба е девет месеци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он