Улицата „Сарај“ од денеска целосно затворена за сообраќај

Од:

Улицата „Сарај“, на потегот од Храмот „Св.Злата Мегленска“ до крстосницата со патот за село Љубин, од денеска ќе биде затворена за сообраѓај. Улицата се затвора поради изведување градежни активности, соопштија од Град Скопје.

Возилата од јавниот градски превоз, кои ги опслужуваат линиите 2 и 2А, ќе сообраќаат до Сарај (стара последна 2), во двете насоки. Останатите возила од линиите 12, 32, 56, 56а, 60 и 160, а кои се движат од Цeнтар кон Сарај, од Исток кон Запад од улица „Ѓорче Петров,“ продолжуваат по Oбиколница – автопат до подвозникот за Езеро Треска и продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, од Сарај кон Центар, или во правец запад и исток моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени преку Обиколница – автопат и продолжуваат по својата траса.

Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош