Улицата „Никола Карев“ пуштена во сообраќај со нов простор за велосипедистите

Од:

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица „Никола Карев“ кај Железничка станица.

Реконструкцијата на потегот од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со булевар 3-та Македонска Бригада, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Во тек е целосната репарација на тротоарите, информираат од Град Скопје.

„На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на трите општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од булевар Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања