Улицата „Ленинова“ во Куманово затворена за сообраќај

Од:

Улицата „Ленинова“, каде вчера се урна стара куќа, затворена е за сообраќај. Пешаците можат да се движат. Поставени се ленти од градежната инспекција.

Во моментот кога паднала предната страна од куќата на улицата поминувал автобус со патници. Освен материјална штета на автобусот и на автомобил немало повредени патници или случајни минувачи. СВР Куманово извршил увид.

Од Секторот за урбанизам денеска информираа дека соработуваат со еден од сопствениците, кој писмено ги известил оти ќе го заштити и урне објектот на сопствена сметка.

– Градежниот шут од улицата го исчисти еден од сопствениците на куќата. Писмено ни е доставено дека елаборат за отстранување се подготвува и оти ќе биде доставен во најкраток можен рок, изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за урбанизам во општина Куманово. Таа додаде дека до крајот на денот очекуваат да го добијат документот.

Куќата е сопственост на повеќе граѓани, од кои дел не живеат во државата.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово обвини дека општината не се грижи за старата градска архитектура.

– Старите градски јадра, кои се места на кои се водат туристите и гостите, за Куманово се места покрај кои препорачливо е да се чекори со заштитен шлем на глава, рече на денешната прес-конференцијата портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово Александар Стојановски.

Од партијата потсетија дека градоначалникот Зоран Дамјановски уште во првиот мандат ветил дека ќе направи пешачка зона каде ќе се истакне убавината на старите куќи, но оти тоа не се реализирало.

На прес-конференцијата беа презентирани и фотографии од старите куќи кои се дотраени и руинирани. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека Министерството за култура ќе ги реставрира фасадите на две куќи за да се зачува старата градска архитекрура.

Старата куќа почна да се троши пред дваесетина дена, кога Куманово беше зафатено од пороен дожд. Надлежните од комуналната инспекција поставија заштитини ленти, кои по извесен период беа искинати. Вакви десетина руинирани куќи во Куманово има на неколку локации, претежно во старото градско јадро.

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски