Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел од денеска до среда затворена за сообраќај

Од:

Поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во Општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од денеска до среда, на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“, соопшти Град Скопје.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози