Украинец загина во сообраќајка на патот Скопје – Г.П. „Долно Блаце“

Од:

Вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – граничен премин „Долно Блаце“, на околу 200 метри од преминот, возило „фолксваген голф“ управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М.(53) од Украина.

Во несреќата со тешки повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20.20 часот им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он