Украдени две возила од скопскиот регион во текот на викендот

Од:

Во периодот од 19 часот на 11.03.2018 година до 8 часот на 12.03.2018 година, од дворно место на улица „Ибе Паликуќа“ во Скопје, сопственост на Д.М.(60), непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот влегол во дворот преку незаклучената порта, а потоа и во возилото, го стартувал со клучевите кои биле оставени на бравата, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 10.03.2018 година во 23.30 часот, С.Н.(44) од село Брњарци, скопско, пријави дека истиот ден околу 19.30 часот во село Брњарци, непознат сторител го одзел неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот искористил згодна прилика, влегол во возилото, го стартувал со клучот кој бил на бравата и заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето