Украдени два автомобили во Скопје

Од:

Во последните два дена украдени се две возила на територијата на Скопје.

Првиот случај се случил од 21 до 23 часот завчера на улица Јуриј Гагарин, кога непознат сторител украл патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки. Вториот случај бил во периодот од 17 часот на 24 ноември до 8 часот на 25 ноември, на булевар Јане Сандаски во Скопје. Во овој случај непознат сторител украл патничко возило „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче