Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање возило“, „кражба“ и „тешка кражба“.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки, извршено вештачење и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, било утврдено дека ноќта помеѓу 6 и 7.2.2023 на улицата „Френклин Рузвелт“ во Скопје украл возило „сузуки витара“ сопственост на А.П.(43) од Скопје. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.
Ноќта помеѓу 30.6 и 1.7.2023 на паркинг на улицата „Бранислав Нушиќ“ во Скопје, преку незаклучена врата од возило „БМВ“ украл пари и платежна картичка со која пазарел.
Исто така, тој се сомничи дека во периодот од први до 3.7.2023 на паркинг на улицата „Орце Николов“ во Скопје со употреба на сила од возило „волво“ одзел пари, платежни картички и други предмети, по што со картичките пазарел.