Укинати забраните за камиони на Стража и Маврово-Дебар

Од:

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража  и на кракот Маврово-Дебар е укината во 13:15 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На планинскиот превој Буково и на патниот правец Ресен-Битола преку Ѓавато остануваат забраните за движење на тешки товарни возила.

На останатите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови. На повисоките места во западните и југозападните делови коловозите се влажни, наместа со остатоци од кашест снег.

Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска