Забраните за тешки товарни возила на патнитe правци Маврово-Дебар, планинскиот превој Стража и Кичево- Македонски Брод – Прилеп се укинати, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Активни остануваат забраните на патните правци Дебар-Струга и Тетово-Попова Шапка.
Забраната за движење тешки товарни возила беше воведена поради остатоци од снег на коловозот.
На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива отежнато и забавено во зимски услови, по влажни коловози. Поради многу ниски температури можна е појава на голомразица.