Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Струга-Дебар

Од:

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-Дебар е укината, информира денеска Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ соопштуваат и дека има забрана за сите видови моторни возила на патниот правец Р2248 помеѓу селата Ранковце и Герман.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од Автомото сојузот на Македонија потсетуваат и дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози