Укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар

Од:

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека од 13:15 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Претпладне беше укината забраната за камиони и  на патиштата крак Стража-Кичево и Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Остануваат забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Тетово – Попова Шапка и Струга – граничен премин Ќафасан, како и за движење на автобуси на патот Тетово – Попова Шапка. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, велат од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози