Укината забраната за движење на товарни возила на Стража и Ѓавато

Од:

Забраната за сообраќај на тешките товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража е укината утрово во 10 часот и 55 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Остатоци од снег на коловозот се уште има, што го отежнува движењето на возачите и затоа се препорачува приспособена брзина на движење.

Од 12:10 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Забрана за тешките товарни возила се уште е во сила на патните правци Маврово-Дебар и на патот Дебар – Струга, поради поголеми остатоци од снег на коловозот.

Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат на планинскиот превој Ѓавато и патничките возила да употребуваат зимска опрема.

Во железничкиот и авиосообраќајот нема застои. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани летови.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска