Укината забрана за камиони на Стража

Од:

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево е укината во 18 часот попладнево, а на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир во 14.00 часот.

На патниoт правeц крак Маврово – Дебар забранaта за движење на тешки товарни возила е се уште во тек, а воведена е и забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец од Тетово – Попова Шапка.

Поради одрон на патниот правец Кичево – Битола кај село Железнец сообраќај се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Ѓавато, Плетвар, Делчево и Смојмирово.

Слаб дожд паѓа во Неготино, Демир Капија и Петровец.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on