УХМР: Земјоделците да ги заштитат овошките и виновата лоза од измрзнување

Од:

Температурите кои во наредните денови се очекува да се спуштат и до минус четири степени целзиусови сериозно може да ги загрозат овошките и виновата лоза, предупредува УХМР и препорачува земјоделските производители да применат мерки за заштита.

Според агрометеоролозите, овошките и грозјето се во многу осетливи фази од развојот – процветување или почеток на формирање плод поради што се чувствителни и лесно подложни на оштетувања.

– Земјоделските производители да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни, а тоа е периодот пред изгрејсонце или со зачадување со палење на растителни отпадоци непосредно во парцелите, велат од УХМР.

Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот ќе достигнат и до минус четири степени.

Би можело да ве интересира

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

Нивото на Вардар во Скопје, Велес и во Демир Капија уште е високо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нивото на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија трипати повисоко од просекот

Катерина Ѓуровски

УХМР: Нестабилно со врнежи од дожд, силен ветер и заладување

Ана Ололовска

Сончево со мала, а попладне умерена облачност

А1он

Утре променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег

А1он