А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УХМР: Врнежите го зголемија нивото на реките, можно излевање

by А1он03/03/2018 - 11:0003/03/2018 - 11:15155
Share0

Во текот на изминатото деноноќие во западниот дел од Македонија имаше пообилни врнежи од дожд, а на повисоките места и планините паѓаше снег. До крајот на денов не се очекуваат нови поголеми врнежи од дожд, но поради топлото време и високите температури на воздухот, снегот ќе продолжи да се топи поради што е можно заезерување на реките во рамничарскиот дел, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Добивај вести на вибер

– Врнежите заедно со растопениот снег предизвикаа зголемување на водостоите на реките во западниот дел на земјата, а особено е зголемено нивото на Вардар во Полошко, како и на Треска, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Црна Река, велат од УХМР и додаваат дека и во текот на денов се очекува да бидат високи водостоите на овие реки.

Според податоците од метеоролошките станици, најмногу дожд во изминатите 24 часа падна во Маврово 36 милиметри, по што следат Пожаране со 31, Крушево 14, Тетово 13 и Охрид со девет милиметри.

Поради топењето на снегот, посочуваат од УХМР, влажноста во земјата ќе биде доста голема и се очекува и понатаму да останат високи водостоите на реките, особено во западниот дел на земјата, а на поедини рамничарски места можна е појава на заезерувања.

– Во наредниот период се очекува и зголемување на нивото на подземните води. Можни се локални излевања на реките во сливот на Треска кај месноста Пласница, во горниот дел од сливот на Вардар во Полошката Котлина, како и во сливовите на Радика, Сатеска, Црн Дрим и Црна Река, потенцираат од УХМР.

Поради големата влажност на почвата и натамошното топење на снегот од УХМР предупредуваат за внимателно следење на состојбата и претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

uhmr

Би можело да ве интересира

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:21

УХМР: Од вторник нестабилно време со дожд и силен ветер

Горан Наумовски16/11/2025 - 12:19

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:57

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Горан Наумовски21/07/2025 - 10:40

Не очекува потопло и посушно лето

Катерина Ѓуровски02/06/2025 - 11:2202/06/2025 - 11:29

Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките

Горан Наумовски02/04/2025 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен