УХМР: Во следните 24 часа пообилни врнежи од дожд

Од:

Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.

Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.

– Соодветно резултатите што ги добиваме од моделите врнежи ќе има на целата територија на државата. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата, посочуваат од УХМР.

Други модели, велат од УХМР, покажуваат големи врнежи на западот и на истокот на државата и врнежи со поголем интензитет во одредени делови на истокот на Македонија.

Синоптичарите истакнуваат дека генерално водотеците низ државата се со ниски и потпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во прикажаните делови од државата.

– Поради погоре прикажаното препорачуваме внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта, препорачуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст

Денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Горан Наумовски

Од четврток нагло заладување и обилен дожд, а на планините снег