УХМР: Викендов температура до 39 степени Целзиусови

Од:

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, утре температурата ќе биде во интервал од 12 до 38 степени, в петок од 13 до 38, сабота од 14 до 39, в недела од 13 до 39, понеделник од 14 до 38 и во вторник од 13 до 37 степени Целзиусови.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Денеска до 39 Целзиусови степени

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Рекордна топлина во Франција: Возовите се откажани, а алкохолот е забранет

Денеска сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи

Денеска сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот