УХМР: Утре дожд и грмежи, во Скопје е можно краткотрајно невреме

Од:

УХМР извести дека времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70 км/ч) во форма на невреме.
•Минимална температура: 12 – 20°C
•Максимална температура: 29 – 37°C

СКОПЈЕ:
Променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината нестабилно, со можност за краткотрајно невреме и засилен до силен југозападен ветер.
•Минимална температура: 17°C
•Максимална температура: 34°C

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
•Сабота: повремен дожд во западните делови, со северен ветер.
•Недела: продолжување на северниот ветер и опаѓање на дневната температура.
•Потоа: стабилно време со благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени