Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.
Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.