УХМР: Се зголемува нивото на Охридското Езеро

Од:

Нивото на Охридското Езеро е за 3 сантиметри под дозволената минимална кота. Дебелината на крајбрежниот мраз на Преспанското Езеро изнесува 4, а на Дојранско 1,5 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За разлика од денеска нивото на Охридското Езеро во изминатите денови беше за 4 до 5 сантиметри пониско од дозволената минимална кота.

– Темературата на водата во природните езера утринава во 7:30 часот изнесуваше 6 степени целзиусови на Охридското Езеро на мерното место во Охрид, 2,5 степени во мраз на Преспанското Езеро кај Наколец и 1,8 стпени во мраз на Дојранското Езеро на мерното место во Нов Дојран, соопшти УХМР.

Отаму посочуваат дека денеска водостојот на реката Вардар во Јегуновце, Скопје и Велес е повисок, а во Демир Капија понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај сите други реки кај кои се врши мерење е понизок.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро