УХМР: Се покачуваат водостоите на реките

Од:

Водостоите на реките во земјава се покачуваат и имаат тенденција на натамошно покачување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму поради појавата на високи водостои препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

– Автоматските станици бележат покачувања на водостоите. Во Јегуновце утрово во 6:30 водостојот изнесува 190 сантиметри и има тенденција на покачување, соодветно на тоа очекуваме покачување и во Радуша. На реката Пена над Тетово водостојот измерен утрово во 6:30 изнесува 132 сантиметри, има тенденција на покачување. На станицата кај Бошков Мост (р.Радика) водостојот утрово измерен во 5:45 изнесува 130 сантиметри, а водостојот на Сатеска кај Ботун изнесува 116 сантиметри, со тенденција на покачување. На реката Голема кај Ресен водостојот изнесува 106 сантиметри (измерено во 6:15) со тенденција на покачување, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Исклучително високи водостои на Вардар и на Треска, има опасност од излевање