УХМР предупредува на можни излевања на помалите водотеци

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево предупреди дека поради интензивни поројни дождови во делови од земјата можно е брзо зголемување на водата во помалите водотеци.

– Соодветно на паднатите количини, кај поголемите водотеци не би требало да има поголеми промени на водостоите, но кај помалите водотеци поради појава на интензивни поројни врнежи, можна е брза реакција на водостоите, се наведува во соопштението.

Поради тоа од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај водотеците и суводолиците каде во сливовите има интензивна појава на врнежи.

– Ова особено важи за сливните подрачја околу планините Кораб, Крчин, Шар Планина, Скопска Црна Гора, Бистра, Јабланица, Огражден, Плачковица, Малешевски Планини, Пијанец, Осоговски Планини, Баба Планина, се наведува во соопштението од УХМР.

Би можело да ве интересира

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

Нивото на Вардар во Скопје, Велес и во Демир Капија уште е високо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нивото на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија трипати повисоко од просекот

Катерина Ѓуровски

УХМР: Нестабилно со врнежи од дожд, силен ветер и заладување

Ана Ололовска

Сончево со мала, а попладне умерена облачност

А1он

Утре променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег

А1он