УХМР предупредува на можни излевања на помалите водотеци

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево предупреди дека поради интензивни поројни дождови во делови од земјата можно е брзо зголемување на водата во помалите водотеци.

– Соодветно на паднатите количини, кај поголемите водотеци не би требало да има поголеми промени на водостоите, но кај помалите водотеци поради појава на интензивни поројни врнежи, можна е брза реакција на водостоите, се наведува во соопштението.

Поради тоа од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај водотеците и суводолиците каде во сливовите има интензивна појава на врнежи.

– Ова особено важи за сливните подрачја околу планините Кораб, Крчин, Шар Планина, Скопска Црна Гора, Бистра, Јабланица, Огражден, Плачковица, Малешевски Планини, Пијанец, Осоговски Планини, Баба Планина, се наведува во соопштението од УХМР.

Би можело да ве интересира

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури