УХМР: Најмногу дожд во Тополчани, Крушево и во Прилеп

Од:

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава се наврнати во Тополчани – 30 литри на метар квадратен, потоа во Крушево – 17, Прилеп – 12, Берово – 6, Пожаране – 5, Скопје – Петровец – 4, Маврово – 3, Охрид, Битола и Ѓуриште по 2 и во Тетово и Скопје – Зајчев Рид по еден литар на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат околу 20 литри на квадратен метар дожд.

Врнежите ќе се задржат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде до 17 степени, притисокот 987 хектопаскали, релативната влажност 90 проценти, а средната брзина на ветерот 2 метри во секунда.

Од УХМР, најавуваат дека утре претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Денеска променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд